Младиот репрезентативец на Шпанија, Дани Себаљос, кој е трансфер цел на неколку различни клубови, објави дека е подготвен да го напушти Реал Мадрид, но само на позајмица. Себаљос вели дека никогаш нема да се откаже од Реал и ќе ја бара својата шанса во тимот.
Милан и Тотенхем се поврзуваат со 23-годишниот фудбалер, иако засега нема никакви конкретни насоки. Себаљос се споменуваше како дел од можна размена меѓу Реал и Тотенхем во која мадриѓани би го добиле Кристијан Ериксен.
„Имам 4 години од мојот договор. Не мислам на напуштање на Реал Мадрид, бидејќи сакам да успеам тука. Не знам дали ќе дојде моето време, но мојата цел е да успеам во Мадрид и да ги радувам навивачите на Бернабеу. Имам квалитети за да го постигнам тоа“, вели Себаљос.