Англискиот напаѓач од екипата на Евертон, Вејн Руни,следната сезона може да ја започне како фудбалер на американскиот ДЦ Јунајтед од Вашинтон. Дел до американските медиуми објавија дека преставниците на фудбалерот имале неколку средби со преставниците на клубот од МЛС лигата и шансита за трансфер се одлични.
Американскиот клуб се обиде да го донесе напаѓачот и минатата година, но Руни одлучи да остане во Евертон. Во моментов, ДЦ Јунајтед е последен во лигата, но размислува за она што ќе го има како ростер за следната сезона.
Руни е најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентција со 53 гола на 119 натпревари.