Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, може да се појави на денешното дерби со Ливерпул во рамките на 20-то коло во Премиер лигата.Четата на Пеп Гвардиола ја очекува значаен меч против „црвените“ кои се единствениот тим без пораз во досегашниот дел од сезоната.
Натпреварот на „Етихад“ може да се покаже и како решавачки во трката титулата а Гвардиола се надева дека ќе ги има најдобрите и дека белгискиот интернационалец кој вчера се појави во тренинг центарот на „граѓаните“, ќе може да го облече дресот и да им помогне на соиграчите.
„Кевин тренираше со групата. Подобар е, но, уште не знам дали ќе биде подготвен за настап од првата минута“ – потенцираше Гвардиола.