Фудбалерите на Рома вчера одиграа без голови на гостувањето кај Лече во рамките на Серија „А“. Нивниот тренер, Де Роси, вели дека треба да бидат задоволни со резултатот иако неговите избраници беа далеку подобар противник.
„Имавме одредени проблеми во првиот дел. Освоивме бод. Можеше да биде и полошо“ – потенцираше тренерот на „римската волчица“.
„Треба да научиме од мечот. Мораме да бидеме попрецизни во нападот и да ги користиме шансите“ – нагласи Де Роси.