Даниеле Де Роси е здрав и ќе може да игра за Бока Јуниорс во дуелот од полуфиналето на Копа Либертадорес против Ривер Плата.
„Суперкласико“ се игра вечерва во 2.30 по полноќ и Ривер има предност од два гола по првиот меч кој го доби со 2:0 на домашен терен.
36-годишниот даниеле Де Роси учествуваше во само 5 натпревари за Бока, откако дојде во тимот во текот на летото. Тој имаше проблеми со мускулите и дури рече дека може да го напушти аргентинскиот гигант во јануари.
Легендата на Рома едвај чека да им помогне на своите соиграчи, но малку е веројатно дека ќе се најде во стартниот состав на Бока Јуниорс за оваа средба.