Тренерот на Олимпик Марсеј, Роберто Де Зерби, ги мотивирал играчите на својот тим со помош на проектор за да им ја покаже понудата што му беше испратена од Манчестер Јунајтед. Оваа информација беше објавена од страна на „Л’Екип“ на социјалната мрежа X (поранешен Твитер).
„Овде можев да бидам, но ја ставам страста пред парите. Дојдов во Марсеј поради страст“, изјави италијанскиот тренер.
Се нагласува дека во договорот што им го покажал на играчите Де Зерби имало и информации за платата што му ја понудил англискиот клуб.
По 11 кола во францускиот шампионат, Марсеј има освоено 20 бода и се наоѓа на третото место.