Хари Мегваер кој беше инволвиран во голем инциден во Грција додека беше на одмор и беше приведен од полицијата, ќе остане капитен на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед.
Иако целата јавност во Англија го осуди недоличното однесување на играчот на „црвените ѓаволи“, тренерот, Оле Гунар Солскјер, вели дека нема да му ја одземе капитенската лента.
„Откако се врати од одмор изгледаше одлично. Ние му даваме поддрешка“ – потенцираше норвешкиот стратег.