Поранешниот англиски репрезентативец, Џермејн Дефо, ги помина медицинските прегледи во Манчестер, пред да го финализира трансферот во шкотскиот тим Глазгов Ренџерс, соопшти „Скај Спортс“.
36-годишниот напаѓач веќе преговараше за неговите лични услови и ќе му биде позајмен на тимот од „Иброкс“ во наредните 18 месеци од Премиерлигашот Бурнемаут. Дефо се очекува да се приклучи на Ренџерс во понеделник во Тенерифе, каде што „сините” на Глазгов накратко ќе се подготват за време на 4-недела зимска пауза во шампионатот.
Менаџерот на шкотскиот тим Стивен Џерард се надева дека ќе може да го привлече капитенот на националниот тим на Северна Ирска, Стивен Дејвис од Саутемптон. Дејвис е подготвен да се врати во Ренџерс, кој стана три пати шампион во четири сезони од 2007 до 2011 година, а во моментов го загуби првотимскиот статус во екипата од „Сент Мери“.