Канадскиот фудбалер, Алфонсо Дејвис, ќе го испочитува преддоговорот со Реал Мадрид и од наредната сезона ќе игра на стадионот – „Сантијаго Бернабе“, наведуваат денеска медиумите во Шпанија.
Според нив, Канаѓанецот иако влегува во радарот на Манчестер Јунајтед, нема да го прекрши ветеното и ќе заигра за „кралскиот клуб“.
24-годишниот бек на Баерн Минхен во сезонава се појави на 15 натпревари.