Поранешниот тренер на Баерн (Минхен), Ханси Флик, влегува меѓу кандидатите за наследник на Чави Ернандез на клупата на Барселона, тврди таблоидот -„Билд“.
Наводно, германскиот фудбалски стартег кој нема ангажман откако го напушти кормилото на „панцирите“, започнал да посетува интензивни курсеви за шпански јазик.
Ќе потсетиме дека 58-годишниот Флик успеа да ја освои тројната круна во 2020 година со Баварците но, имаше разочарувачки резултати на клупата на Германија.