Sвездата на Валенсија, Денис Черишев одби да ја продолжи кариерата во својата татковина. Поради финансиската криза, во Валенсија имаше информации дека тој ќе ја напушти „Местаља“.
29-годишниот играч одби да го носи дресот на Краснодар. Тој сака да остане во Валенсија или да се пресели во друг тим од Ла Лига, информираат медиумите во Шпанија. Во текот на изминатата сезона Черишев одигра 30 натпревари и постигна 3 гола во сите натпреварувања.
Фудбалерот има играно за Реал Мадрид, Виљареал и Севиља. Русинот го освои Купот на кралот во сезоната 2018-19 со екипата на Валенсија.