Кошаркарите на Денвер Нагетс ја совладаа Јута со 80:78 и со 4-3 во серијата се пласираа во полуфиналето од плеј-офот на Западот. Никола Јокиќ го постигна решавачкиот кош за Нагетс, надмудрувајќи го Руди Гобер во рекетот на 28 секунди пред крајот на мечот.
Јута, која надополни негатива од 19 поени од почетокот на третиот период, имаше 17,5 секунди за израмнување, но Харис успеа да му ја избие топката од рацете на Мичел и да не дозволи шут за израмнување.
Кај Денвер, Јокиќ заврши со 30 поени, 14 скока и 4 асистенции, доека мареј постигна 17. Кај Јута, Мичел доминираше со 22 поени, додека Гобер постигна 19.
Во вториот синоќешен меч, Бостон и по вторпат славеше над Торонто во полуфиналето на Истокот. Селтикс однесоа победа од 102:99 со која поведоа со 2-0 во серијата.