Речиси е сигурно дека Мемфис Депај (26) ќе го напушти Олимпик Лион ова лето и најверојатно ќе се пресели во Барселона. Каталонскиот дневен весник „Ла Вангардија“ објави дека Барселона е пред постигнување договор со Французите, а сумата на трансферот ќе изнесува околу 25 милиони евра.
Претседателот на Лион, Жан Мишел Ола, за француската програма „Телефут“ изјави дека понудата од Барселона е на маса неколку дена, но Лион се уште се надева на најмалку 30 милиони евра за неговата слобода.