Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, беше подложен на лекарски прегледи во базата на Јувентус во Торино, пренесува клубот на својот официјален „Твитер“ профил.
Се очекуваше дека 25-годишниот Аргентинец ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед, но договорот меѓу двата клуба заврши со неуспех и се чини дека Дибала ќе остане во Торино.
Минатата сезона напаѓачот одигра 42 натпревари за Јувентус, постигна 10 гола и додаде шест асистенции. Последната информација е дека Пауло Дибала во моментов се проценува на 100 милиони евра.