Аргентинскиот напаѓач од екипата на Јувентус Пауло Дибала уште еднаш имал позитивен тест за коронавирусот, објавија медиумите во Италија.
Според изворот, играчот по четврти пат по шест недели имал позитивен тест за инфекција со коронавирус. Во март, Дибала објави дека тој и неговата девојка Ориана Сабатини биле заразени со коронавирусот. Во април, играчот помина тест за COVID-19, што повторно покажа позитивен резултат.
Сега играчот ќе мора да претрпи поинтензивен третман, бидејќи во мај Јувентус планира да ги започне подготовките за евентуално продолжување на сезоната.