Фудбалерите на Манчестер Сити во текот на викендот ги чека дерби меч со Арсенал во рамките на Премиер лигата. Португалскиот интернационалец кај „граѓаните“, Рубен Дијаз, вели дека сите со нетрпение го чекаат големото дерби.
„Сезоната само што започна. Имавме добар меч со Интер во ЛШ но, сега се насочуваме кон Арсенал. Сакаме да го покажеме најдоброто што го знаеме“ – вели играчот на Манчестер Сити.
Неговиот тим е лидер на табелата со максимални 12 бодови пред „топчиите“ и Њукасл кои имаат по 10.