Нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, ќе си замине од Рајо Валјекано и ќе потпише договор со Валенсија. Тоа го објави експертот за трансфери во европскиот фудбал, Фабрицио Романо.
Според него, Димитриевски ќе остане во Примера Дивизион и ќе потпише договор до 2028 година. 30-годишниот голман ја започна кариерата во Работнички а потоа го облече дресот на Гранада.
Една сезона беше на позајмица во Кадиз а во 2019 стана дел од Гимнастик. Во екипата на Рајо Валјекано се активираше во 2018 година.