Нашиот кошаркар, Ненад Димитријевиќ, се пријавил за годинешниот драф во НБА лигата кој ќе се реализира на 20 јуни во Њујорк.
Неговото име се појави на списокот на 50 интернационалци кои се пријавиле дека сакаат да бидат дел од најсилната светска лига. Тоа значи дека играчот на шпанскиот Хувентуд ќе биде третиот Македонец што ќе се обиде со апликација да влезе во НБА лигата. Пред него тоа го направија Владо Илиевски и Предраг Самарџиски кои сепак не отидоа до крај и ги повлекоа пријавите.
Перо Антиќ останува единствениот од нашава земја кој успеа да заигра во САД откако потпиша со Атланта.