Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ го продолжи договорот со руски Уникс Казан и покрај бројните најави дека ќе се пресели во белградски Партизан.
Димитријевиќ потпиша нов двегодишен договор со Уникс и ќе остане да игра во ВТБ лигата. Македонскиот кошаркар во Уникс дојде пред почетокот на сезоната 2022/23 и стана шампион на ВТБ лигата, а беше прогласен за МВП на плеј-офот.