Бугарскиот тенисер Григор Димитров успеа сензационалндо да стигне и до финалето на Мастерсот во Мајами, па откако го елиминираше Карлос Алкараз, а синоќа го победи и Александер Зверев за да закаже финале против Јаник Синер.
Димитров се пласираше во своето трето Мастерс финале во кариерата, а прво во Мајами откако го победи Зверев со 6-4, 6-7 и 6-4.
Ривал на Димитров во финалето во недела ќе биде Јаник Синер. Италијанецот ја продолжи фантастичната форма и го прегази Данил Медведев со 6-1 и 6-2. Синер ако го освои турнирот тогаш од понеделник ќе се искачи на 2. место на АТП-ранкингот.