Откако тенисерката од Тунис, Џабер, изјави дека организаторите на турнирите имаат различен пристап кон мажите и жените, реагираше првиот човек на Мастерсот во Мадрид.
„Минатата година направивме грешки и донесовме погрешни заклучоци. Но, ние бевме првиот турнир кој исплати исти парични награди на жените и на мажите. Затоа, мислам дека е неправедно да се каже дека поинаку ги третираме мажите и жените“ –изјави Фелицијано Лопез.
„ Го разбирам разочарувањето во врска со некои прашања, бидејќи за време на турнирот може да се појават многу различни ситуации со транспортот, со тренингот. Ние се обидуваме да ги третираме сите подеднакво и секогаш да бидеме фер“ – изјави Лопез.