Бразилскиот фудбалски репрезентативец, Габриел Барбоса, може да добие понуда да заигра за екипата на Њукасл, најави весникот – „Мирор“.
Англискиот тим кој неодамна доби нови богати сопственици, ќе се обиде во јануари да го освежи драстично ростерот и да остане конкурентен во битката за опстанок.
Барбоса кој во минатото настапуваше за Интер и Бенфика, во моментов ги брани боите на Фламенго. Њукасл има намера да го ангажира на позајмица до крајот на сезоната.