Кошаркарскиот интернационалец од Словенија во редовите на Далас, Лука Дончич, кој се повреди на мечот со Мајами, набрзо може да се врати во тренинг процес, објавија медиумите во САД.
Прегледите на скочниот зглоб на десната нога покажале дека станува збор само за истегнување на лигаментите и дека ќе треба само краток процес на рехабилитација.
Подетални информации околу враќањето на Дончиќ на кошаркарските терени се очекува во наредните денови кога ќе му бидат направени деталните прегледи во Далас.