Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Италија денес му ја одреди казната на Гонзало Игуаин по црвениот картон кој го доби на дербито против Јувентус. Гонзало Игуаин доби казна од два меча и опомена за повисока санкција доколку постапката ја повтори во иднина.
Судијата Паоло Мацолени немаше друг избор и го исклучи напаѓачот на Милан по неговата реакција за доделениот жолт картон, покажувајки му уште еден. Бурната реакција на Аргентинецот беше причина да реагираат неговите соиграчи од Милан , но и поранешениот соиграч од Реал Мадрид , Кристијано Роналдо. Но и тој не успеа да помогне да се спречи испадот на домашниот фудбалер, кој подоцна се извини за својата постапка и зборовите кои ги упати кон арбитарот.
Неговата реакција и противењето да излезе од теренот му донесоа пауза на следните два натпревари против Лацио и Парма.Уште еден фидбалер доби информација колку ќе паузира, тоа е играчот на Интер Марсело Брозовиќ кој ќе паузира еден натпревар , затоа што беше исклучен на натпреварот против Аталанта одигран во Бергамо.