Фудбалерот на Челзи, Калум Хадсон Одои, се појавува на трансферната листа на Баерн Минхен, потврди Хасан Салихамиџиќ, спортскиот директор на минхенскиот клуб.
18 годишниот играч кој не може да се наметне во таборот на Маурицио Сари, побара да си замине од тимот. Тој и соопштил на управата дека нема да го продолжи договорот доколку не се прифати понудата од германскиот состав во висина од 35 милиони фунти.
Во исто време, искусниот француски напаѓач, Оливие Жиру, може да направи трансфер во Барселона, велат последните шпекулации. Веста наиде на големо изненадување како на Островот така и во Шпанија, иако се знае дека Каталонците подолг период се во потрага по напаѓач.Жиру има договор со „сините“ до крајот на сезонава.