Фудбалерите на Воска и Тиквеш утре ќе го одиграат финалето во Купот на Македонија. Мечот на Арената во Скопје ќе биде историски за двата тима бидејќи прв пат имаат можност да се борат за победничкиот пехар.
„Тиквеш има голема традиција но, за првпат стигнува до финалето. Ние сме млад тим и веднаш изборивме историско финале. Тиквеш игра многу добро, но сакаме да го освоиме пехарот“ – беа зборовите на тренерот на Воска, Срѓан Захариевски.
„Нема да бидеме скромни, одиме на победа без разлика дали ќе биде по 90 минути игра, по 120 минути или пенали. Воска е противник кој заслужува почит. Се надевам дека ќе одиграме добро финале и ние ќе бидеме тие што ќе се радуваат на крајот“ –рече тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов. Финалето на фудбалскиот Куп меѓу Тиквеш и Воска ќе биде одиграно утре од 19 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.