Светското првенство само што почна ,а може веднаш да заврши за рускиот офанзвен фудбалер, Алан Џагоев.
Ѕвездата на ЦСКА Москва сам се повреди на мечот против Саудиска Арабија, повредата на задната ложа не е воопшто наивна и се предвидува подолга пауза.
27-годишниот Џагоев веројатно ќе биде заменет со нов руски фудбалер, но претходно лекарскиот тим на репрезентацијата на Русија има простор од неколку дена да утврди како ќе се развива повредата.
Селекторот Черчесов верува дека ако постојат и најмали шанси за настап на Џагоев, тој ќе игра до крајот на Светското првенство. Русија забележа убедлива победа над Саудиска Арабија и потврди дека има надеж за добар резултат на ова СП каде се домаќини.