Селекторот на одбојкарите на Франција, Андреа Џани, вели дека е задоволен од пласманот во полу-финалето на Европското првенство што се организира во Италија, Бугарија, Македонија и Израел.
Во последниот натпревар на турнирот во Варна, олимписките шампиони ја победија Романија со убедливи 3:0 и сега го чекаат победникот од денешниот меч меѓу Италија и Холандија.
„Првиот сет беше интересен, вториот беше лесен а во третиот направивме многу грешки во почетокот. На крајот се корегиравме а Романците погрешија. Направивме неколку добри сервиси, неколку блокади и ја искористивме можноста да победиме со 3:0“ – изјави селекторот на „галските петли“.