Тренерот на кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс, Џеј Џеј Редик, ја презеде вината за серијата лоши резутати.
„Тешко е да се преземе одговорност. Се срамиме. Не очекував таква игра со такво ниво на борба и професионализам. Ова е мојот тим, јас го водам напред“ – вели Редик.
„Не ги обвинувам играчите. Немам чувство дека сме заедно, разговаравме за тоа на натпреварот“ – потенцираше тренерот по последниот тежок пораз кај Мајами со 41 кош разлика.