Италијанскиот прволигаш Џенова се обидува да го привлече крилото на Фиорентина Марко Пјаца. Клубот веќе започнал разговори со агентот на играчот, во обид да го убеди да се пресели „Луиџи Ферарис“.
Во Џенова се решени да ги искористат парите од трансферот на Кшиштоф Пјатек во Милан за да го засилат тимот со најмалку двајца нови играчи. Првиот е Антонио Санабрија од Бетис, а вториот е Марко Пјаца, кој во моментов е на позајмица од Јувентус во Фиорентина.
Меѓутоа, во овој момент, хрватскиот фудбалер се размислува дали да ја прифати понудата на Џенова и сé уште не дал конечен одговор. Поради тоа, претседателот на клубот, Енрико Прециозо, лично се ангажираше да преговара со агент на играчот Марко Налетиќ, надевајќи се дека ќе го убеди дека интересот за него е навистина сериозен.