Големата ѕвезда на Реал Мадрид од ова лето, Еден Азар веќе е целосно опоравен од неговата повреда, јавуваат шпанските медиуми.
Белгискиот играч од средниот ред го одработил целиот денешен тренинг приклучувајќи му се на својот тим. Очекувањата се дека своето деби на официјален натпревар во дресот на Реал Мадрид со број 7, Еден Азар ќе го има на 14 септември против Леванте на „Сантијаго Бернабеу“.
Хамес Родригез и Браим Дијаз исто така се во целосен тренажен процес, а Зинедин Зидан остануваат само без услугите на Иско и Марко Асенсио.