Кошаркарот на Филаделфија и минатогодишен носител на наградата МВП на НБА лигата, Џоел Ембид синоќа постигна неверојатни 70 поени во победата на неговиот тим против Сан Антонио (133:123).
Центарот на Филаделфија со ова го собори клупскиот рекорд претходно поставен од легендарниот Вилт Чембрлен, кој имаше 68 поени на меч во 1967 година.
Ембид, исто така, го собори рекордот на ѕвездата на Милвоки, Јанис Андетокунбо, кој постигна 64 поени на меч со Индијана. Ембид стана деветтиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 70 поени на еден натпревар.