Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Унаи Емери, проценува дека екипата на Ливерпул може да го заврши домашниот шампионат без пораз. Тимот на Јирген Клоп е единствениот кој по 19 кола нема пораз во Премиер лигата.
„Ги следам нивните мечеви во текот на годинава и слободно можам да кажам дека тие се во одлична форма. Ние се сретнавме на Емирати и одигравме 1:1. Тоа беше добар натпревар за нас, но, мислам дека сега Ливерпул ќе биде сосема друг тим. Ние сме во добра позиција по првата половина на сезоната” – рече менаџерот на Арсенал.
„Напредокот на Ливерпул е видлив. Пред три години беа далеку од Лигата на шампионите а сега и таму прикажуваат одлични мечеви. Мислам дека можат да го повторат успехот на Арсенал од минатото и да го завршат првенството без пораз“ – потенцираше Емери.