Арсенал е подготвен да ги разгледа предлозите за продажба на играчот од средниот ред, Хенрик Мхитарјан. Со цел да го зголеми буџетот за трансфери за ова лето, „топчиите“ бараат купивачи за фудбалерите кои нема да бидта во плановите на Емери.
Претходно во медиумите, беше објавено дека Емери ќе може да смета на буџет од 45 милиони фунти (околу 52,3 милиони евра) ова лето за да го надополни составот со нови играчи.
30-годишниот Ерменец е еден од најплатените играчи во Арсенал, со плата од 180,000 фунти неделно, па Емери сака да се ослободи од него и да направи место за нова свежа крв во тимот.