Победата од 1:0 синоќа над шампипонот Манчестер Сити беше прва победа за тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, во натпреварите со тимовите кои ги води Пеп Гвардиола.
Претходно Емери 13 пати имаше дуел со Гвардиола и на сите овие средби не оствари ниту една победа. Астон Вила со победата синоќа се проби на трета позиција во англиската Премиер лига со 32 бода, а Манчестер Сити пак падна на четвртото место со 30 бодови.