Селекторот на Шпанија Луис Енрике беше доста разочаран од поразот со 2:3 на гостувањето кај Хрватска и објави на прес-конференцијата по натпреварот дека неговата фудбалери воопшто не заслужиле да бидат поразени на дуелот во Загреб и според него домаќините победија со многу голема доза на среќа.
Двата тима одиграа многу квалитетен натпревар, а на крајот „коцкастите“ излегоа како победници.
„Видов два тима кои ризикуваат доста со идејата за победа. Сепак мислам дека ние не заслуживме да загубиме. Дефинитивно заслуживме повеќе од овој натпревар и не требаше да си заминеме како губитници”, изјави Енрике.
„На крајот Хрватите имаа повеќе среќа од нас и тоа им помогна да стигнат до трите бода. Фудбалот понекогаш е неправеден. Не секогаш подобриот на теренот победува. Едноставно топката како да не сакаше да влезе во нивниот гол повеќе од два пати. Ние направивме се што можеме за да постигнеме добар резултат, но не успеавме”, заврши Енрике.