Шпанскиот фудбалски стратег, Луис Енрике, ги шокираше сите со објавата дека починала неговата деветгодиша ќерка Шана.
Тој пред извесен период со кратко објаснување дека има приватни проблеми си даде оставка на селекторското место кај „црвената фурија“. Сега работи излегоа на видели откако Енрике на Твитер ја објави тажната вест. -Шана пет месеци беше тешко болна и водеше битка со ракот на коската. Но, за жал не успеа да излезе како победник.
По неговата објава се огласија многу познати чичности а меѓу првите кои тоа го направија се Лео Меси, Суарез и Пике.