Поранешниот фудбалер на Барселона, Ерик Абидал, ќе биде новиот спортски директор на Каталонците.
Французинот ќе биде претставен на 18 јуни и ќе го наследи Роберт Фернандес. Фернандес беше обвинет за некои грешки во трансферите на Барса во изминатата година или две.
Интересно е тоа што Абидал требаше да ја добие функцијата на претходните претседателски избори во Барселона, но неговиот човек, Хуан Лапорта, не успеа да се избори за функцијата.