Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Вардар со 35:33 во дербито на колото во домашниот ракометен шампионат. Вечерва во Битола домашните на полувреме имаа големи +9, но во вториот дел целосно потфрлија, па Вардар во финишот се приближи и на еден гол разлика, но не успеа да направи целосен пресврт.
Радивојевиќ постигна 13 гола, Кузмановски осум, а Митревски имаше 12 одбрани. Кај Вардар Крсманчиќ постигна девет гола.