Евертон не само што не потпишал договор со Карло Анчелоти, туку немал ни конкретна понуда до него. Ваква информација денеска се појави на социјалните мрежи на профилите на неколку новинари кои ги следат случувањата во англискиот фудбал.
Вчера од Англија, пак, стигнаа сосема поинакви вести, дека преговорите со екс-тренерот на Наполи се веќе започнати. И покрај различните информации, засега од Евертон уверуваат дека финален избор се уште не е направен, а има неколку кандидати за наследник на Марко Силва кој пред 10-тина дена го заврши престојот на „Гудисон Парк“.