Англиската фудбалска асоцијација (ФА) планира да го намали бројот на играчите кои имаат право на настап во Премиер лигата од 17 на 12, тврди весникот Тајмс. Предлогот бил испратен до клубовите оваа недела и треба да се дискутира во следниот период.
Наместо сегашните 17 фудбалери кои како странци надвор од границите на Велика Британија настапуваат за англиските клубови, од ФА предложиле клубовите да можат да ангажираат најмногу 12 странци. Со тоа ФА сака да ја покрене иницијативата за развој на младинскиот фудбал во земјата, кој полека замира со големиот број странци кои настапуваат во локалните клубови.