Фудбалската асоцијација на Англија излезе со дополнително обвинение за дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, кој доби црвен картон на мечот со Њукасл. Причината за дополнителната истрага е однесувањето на Холанѓанецот по добиениот црвен картон.
Капитенот на Ливерпул влезе со вербална пресметка со судијата Џон Брукс, а потоа и со четвртиот судија, незадоволен од неговото исклучување во првото полувреме. Холандскиот дефанзивец има рок до петок да одговори на обвинението. Доколку биде прогласен за виновен, одбранбениот играч ќе биде суспендиран на повеќе од еден натпревар како што налагаат прописите.