Фудбалерот на Манчестер Сити и на Англија Фабијан Делф го напушти привремено кампот на тимот на Мундијалот во Русија.
28-годишниот фудбалер ќе се врати во својата земја за да присуствува на раѓањето на своето трето дете. Делф рече дека нема проблем со селекторот Герет Саутгејт, кој „јодлично ја разбира ситуацијата“.
Фудбалерот најверојатно ќе го пропушти првиот натпревар на Англија на СП 2018 против Тунис, кој е на програмата утре од 20.00 часот во Волгоград.
Во исто време, напаѓачот Маркус Рашфорд се врати во тимот по мала повредата на коленото. 20-годишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед пропушти неколку тренинзи на островот поради повредата што ја претрпе на 11 јуни.