Капитенот на Колумбија, Радамел Фалкао, кој беше творец на вториот погодок во мрежата на Полска на вчерашниот меч на фудбалскиот Мундијал во Русија, откри, дека му се исполнила желбата која ја имал уште од детството.
„Да се постигне гол на Светско првенство е уникатно чувство. Долго чекав на тој момент и мило ми е што се случи кога најмногу требаше. Задоволен сум од целиот тим, од победата и начинот на кој го одигравме натпреварот“, изјави Фалкао.
Колумбијците за четири дена ќе се соочат со Сенегал во последниот натпревар од групната фаза и со победа сигурно ќе играат во осминафиналето. Има варијанта Колумбија да оди понатаму и со нерешен резултат под услов, Јапонија да не победи против отпишаната Полска.