Aвстриецот Мануел Фелер е победник на осмиот слалом во сезоната на Светскиот куп во американскиот ски-центар Палисадес Тахо кој се возеше доцна синоќа.
Фелер беше четврти по првото возење, но со одличен втор настап се проби на врвот, постигнувајќи ја шестата победа во Светскиот куп, шестата во слалом и четвртата сезонава.
На крајот, Австриецот имаше време за 0,28 секунди подобро од Французинот Ноел Клемент, додека третото место го освои Германецот Линус Штрасер.
Во генералниот пласман на Светскиот куп води Швајцарецот Марко Одермат со 1.702 бода пред Фелер со 801 бод и Французинот Сиприен Саразин кој има 684 бодови.