„Аутоспорт“ ги објави документите што претставниците на поранешниот возач на Ферари, Фелипе Маса, ги поднесоа до Високиот суд на Англија и Велс во тужбата против ФИА, Формула 1, менаџерската компанија ФОМ и поранешниот прв човек на шампионатот Берни Еклстоун.
Маса бара преиспитување на контроверзната трка за ГН на Сингапур во 2008 година, кога возачот на Рено, Нелсон Пике Џуниор, намерно се удрил и му овозможил на Луис Хамилтон со Мекларен да заврши на подиумот со еден бод пред Маса на крајот од сезоната. Документите поднесени во судот велат дека Маса, сепак, не бара титулата да му биде одземена на Хамилтон туку бараат надокнада на штета на финансиски план.
Според адвокатите, Маса не само што пропуштил бонус од 2 милиони евра за освојување на титулата, туку и ги загубил платите и спонзорствата во следните години. Конечната сума која Маса би ја добил од судската постапка ќе биде одредена врз основа на „стручни докази“, но прелиминарната проценка е 64 милиони фунти.