Вејн Руни е добар кандидат за менаџерската позиција во Евертон, проценува неговиот поранешен соиграч, Рио Фердинанд.
36-годишниот Руни моментално го предводи тимот на Дарби Каунти во Чемпионшип а неговото име е меѓу опциите за наследник на отпуштениот Рафаел Бенитез.
„Ако сте Вејн Руни, ќе ја преземете работата за секунда“, рече Фердинанд на неговиот видео блог на „YouTube“.