Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, вели дека „циркусот на тркала“ може да ја загуби атрактивноста доколку не се воведат нови правила. Тој полека размислува и за нов предизвик во животот.
„Не сум сигурен што е вистинскиот избор. Нема да возам уште десет години“ – вели Фетел.
„Најлесно би било да станам репортер на телевизија и да останам на истата позиција уште неколку години“ – потенцира Фетел.