Со одложувањето на Европското првенство, УЕФА одлучи предност да им даде на клупските натпреварувања. Според новиот план, Лигата на шампионите и Лигата на Европа треба да завршат ова лето. Куп-натпреварувањата ќе продолжат кога ќе ситуацијата со коронавирус ќе биде подобрена, поточно кога ќе биде прогласена состојба на подготвеност за враќање на фудбалските натпревари.
Според најновите информации сезоната треба да продолжи кон крајот на април за кога УЕФА ќе подготви нов календар за Лигата на шампиони и Лига Европа. Финалето во Лигата на шампиони чиј домаќин е Истанбул ќе се одигра на 27. јуни, а планирано е до јуни да завршат сите клупски натпреварувања. Битката за титулата во Лигата Европа пак ќе се игра на 24. јуни во Гдањск.