Иван Тричковски и Енис Барди се едногласни во оценките дека нашата најдобра фудбалска репрезентација треба да ја искористи историската шанса и да обезбеди пласман на големо фудбалско натпреварување.
„Го остваривме првиот чекор, тоа што го ветивме го исполнивме. А сега имаме ’златна шанса’ што не треба да ја испуштиме. Ваква можност не се добива секој ден“, изјави Тричковски по вчерашната победа против Гибралтар со која е потврден пласманот во полу-финалето во Лигата на нации.
„Сега е наше време, го чувствуваме тоа. Имаме одличен тим и нема да застанеме тука. Треба да продолжиме во истиот стил и на наредните средби“- вели Барди.
Фудбалската федерација на Македонија ќе им подели награда од 500.000 илјади евра на фудбалерите и на стручниот штаб кои го обезбедија првото место во групата и влегоа во полу-финалето во „Д“ Лигата на нации.